Осаменоста на простите броеви - Паоло Џордано
MKD350
- Објавено: 24.08.2025 21:48:26
- Количина
- 1
- Достава
-
MKD130 низ Македонија
Kargo Expres
- Начин на плаќање
- Во Готово
- Select Country
- Поштенски Број
- Количина
Опис
Аличе во својата седма година се’ уште не знае што би сакала од животот, но сигурна е дека не го сака скијањето – спорт што и’ го наметнал опсесивниот татко. Едно магливо утро, на тренингот, таа паѓа и си ја крши потколеничната коска. Оттогаш го мрази татко си, поткривнува, ја следи баксуз, нема пријатели, се тетовира и живее во постојан конфликт со околината.
Матија има осум години и ретардирана сестра-близначка од која се срами. Кога сестра му и тој се поканети на првата забава кај школски другар, тој ја остава на една клупа во паркот ветувајќи и ’ дека ќе се врати по неа. Кога се враќа, неа ја нема и не ја наоѓаат никогаш. Чувството на вина кај него предизвикува потреба од постојано самоповредување.
Овие две епизоди ќе ги обележат засекогаш телата и умовите на Аличе и на Матија, кои се среќаваат во втори клас гимназија. Меѓу нив веднаш се создаваневеројатна блискост. Тие двајцата се исти како оние посебни броеви што математичарите ги нарекуваат „близнаци“: два прости броја разделени со еден парен, многу блиску еден до друг, но никогаш доволно за да се допрат навистина.
Трогателната приказна на Паоло Џордано не’ враќа во суровите и убави предели на растењето и на детството, кои, судејќи според емоциите на оваа книга, се’ уште не сме ги изживеале и никогаш нема да ги изживееме.
Спецификации
- Град
- Скопје
- Состојба
- Користен
- Достава за
- 1 ден
Достава
- Локација на производот
- N1 0RW, Скопје, Македонија
- Достава до
- Македонија
- Опции за достава
- Доставата се наплаќа
- Инструкции за Достава
- Dostava za 2-3 dena
- Можност за рекламација
- Да