Se prodava kuka vo Nea Iraklija, Halkidiki
€380.000,00
- Објавено: 25.11.2025 18:53:34
Опис
Се продава двокатна куќа со панорамски поглед на море во Неа Ираклија, Халкидики.
Вкупна Површина – 213м2, сместена во дворно место од 900м2, во едно од најдобрите и мирни места на Неа Ираклија, Халкидики.
Имотот се наоѓа на мала надморска височина, што овозможува непречен поглед на морето.
Куќата е распоредена на два ката поврзани со внатрешни скали, а вториот кат има и посебен надворешен влез со што лесно може двата спрата да се направат како посебни апартмани.
Распоред:
• Прв кат (120 кв.м.): Голема дневна соба со кујна, три спални соби и бања. Светли и удобни соби со директен пристап до дворот.
• Втор кат (93 кв.м.): Исто така, вклучува дневна соба со кујна, три спални соби и бања. Од целиот спрат има прекрасен панорамски поглед на морето. Има внатрешни и надворешни скали.
Терасата на покривот нуди дополнителен простор погоден за релаксација и уживање во прекрасно зајдисонце,место за скара или дури и градина на покривот. Дворот е простран, со можност за изградба на базен, градина или дополнителни објекти.
Клучни карактеристики:
• Вкупна површина: 213 кв.м.
• Парцела: 900 кв.м. со можност за понатамошна градба
• 6 спални соби, 2 дневни соби со кујни, 2 бањи
• Внатрешни и надворешни скалила
• Панорамска тераса со поглед на море
• Мирна локација, во близина на морето и центарот на селото.
Цена 380.000евра
За повеќе информации viber/whatsap 0038977658228
Спецификации
- За
- Продавање